Welcome to Ohrid

Добредојдовте во Охрид

Светско Природно и Светско Културно Наследство на регионот на Охрид

Сместен на брегот на Охридското Езеро, градот Охрид е една од најстарите населби во Европа. Изграден главно помеѓу 7 и 19 век, има најстар словенски манастир (Свети Пантелејмон) и повеќе од 800 икони во византиски стил, кои датираат од 11 до крајот на 14 век. После оние на галеријата Третиаков во Москва, ова се смета за најважната колекција на икони во светот.

Охрид - стариот град на светлината:

Охрид, со своите природни, културни, духовни и историски одлики, е најразвиениот туристички и културен центар, не само во Македонија, туку и на Балканот и пошироко во Европа. Овие вредности беа признати од светот, со што Охрид и Охридското Езеро, пред многу години беа запишани на списокот на УНЕСКО како ретко културно и природно наследство. Вистинска реткост е тврдењето на светската научна заедница дека во Охрид има 7000 години постојано живеење, и остатоци од цивилизации се забележуваат на над 250 археолошки локалитети досега откриени.

 

Денес Охрид е развиен туристички центар, познат во светот и космополитски град исто така.

Исклучителна универзална вредност

Кратка синтеза

Регионот на Охридското Езеро, мешан имот на Светско Наследство со површина од 83.350 ха, беше запишан за неговите природни вредности во 1979 година и за неговите културни вредности една година подоцна 1980. Во 1979 година, Комитетот донесе одлука Охридското Езеро да се запише на списокот на Светско Наследство под природни критериуми (iii). Во 1980 година, овој имот беше проширен за да ја опфати културната и историската област и беа додадени културни критериуми (i) (iii) (iv). 

Охридското Езеро е суперлативна природна појава, обезбедувајќи прибежиште за бројни ендемични и реликтни слатководни видови на флора и фауна, кои потекнуваат од терциерниот период. Како длабоко и античко езеро со тектонско потекло, Охридското Езеро постои континуирано околу приближно два до три милиони години. Неговите олиготрофни води зачувуваат над 200 видови на растенија и животни единствени за езерото, вклучувајќи алги, турбеларни рамни црви, полжави, ракови и 17 ендемични видови риби, вклучувајќи два вида пастрмка, како и богат живот на птици.

Сместен на брегот на Охридското Езеро, градот Охрид е една од најстарите населби во Европа. Изграден претежно меѓу 7 и 19 век, Охрид е дом на најстариот словенски манастир (посветен на Свети Пантелејмон) и повеќе од 800 икони во византиски стил со светска слава, кои датираат од 11 век до крајот на 14 век. Охридската архитектура претставува најдобро зачуван и најкомплетен ансамбл на античка урбана архитектура на овој дел од Европа. Словенската култура се шири од Охрид во другите делови на Европа. Досега се откриени седум базилики во археолошките истражувања во стариот дел на Охрид. Овие базилики биле изградени во текот на 4, 5 и почетокот на 6 век и содржат архитектонски и декоративни карактеристики кои неспорно укажуваат на силнен подем и слава на Лихнидос, некогашното име на градот. Структурата на градското јадро е збогатена и со голем број археолошки локалитети, со акцент на ранохристијанските базилики, кои се познати и по мозаичните подови. Посебен акцент во врска со старата урбана архитектура во Охрид мора да се даде на градското ѕидарско наследство. Особено, традиционалното локално влијание на Охрид може да се забележи меѓу неговата добро зачувана доцно-османлиска урбана станбена архитектура која датира од 18 и 19 век. Ограничениот простор за градежни активности доведе до формирање на многу тесна мрежа на улици. 

Иако градот Струга се наоѓа покрај брегот на Охридското Езеро, градскиот живот е концентриран по должината на бреговите на реката Црн Дрим, која излегува од езерото. Постоењето на Струга е поврзано со неколку рибарски населби на дрвени колци сместени покрај езерскиот брег. Голем број археолошки локалитети сведочат за потеклото од неолитот, бронзеното време, македонскиот хеленистички период, римскиот и раниот период на средниот век.

 

Конвергенцијата на добро зачуваните природни вредности со квалитетот и разновидноста на неговото културно, материјално и духовно наследство го прави овој регион навистина уникатен.