Првт состанок на InterRegional Cultural HERitage Management E-System (IRC-HERMES) во Кипарскиот Универзитет за Технологија

Почетниот состанок на проектот InterRegional Cultural HERitage Management E-System (IRC-HERMES) се одржа на 9 март 2018 година во Кипарскиот Универзитет за Технологија. Конзорциумот ИРЦ-ХЕРМЕС се состои од 7 партнери, 4 од Грција (истражувачки центар АТЕНА, општина Самос, општина Крф и ЕЛЛИНИКИ ЕТАИРИЈА), 1 од Албанија (општина Ѓирокастро), 1 од С. Македонија (општина Охрид) и 1 од Кипар (Кипарски Универзитет за Технологија), кој е координативен партнер. ИРЦ-ХЕРМЕС е кофинансиран од Европската унија (Европски фонд за регионален развој и Фондот Инструмент за претпристапна помош) и Национални фондови на земјите учеснички во рамките на програмата за соработка INTERREG Балкан-Медитеран 2014-2020.

РАБОТИЛНИЦА „Историски градови и ИКТ: Која зграда ќе ја заштитиме прва?“

Кипарскиот технолошки универзитет организира еднодневна работилница за иновативна употреба на ИКТ (информативна комуникација и технологија) за зачувување, заштита и унапредување на културното наследство во историските градови. Работилницата ќе се одржи во Никозија на 22 Октомври 2018 година (понеделник) помеѓу 10:30 и 16:30 часот, во галеријата Левентис. Работилницата е поделена на два дела: првиот дел (од 10:30 до 13:30 часот) ќе вклучува научни презентации пред учесниците под темата ИКТ и културно наследство, фокусирани на специфични тематски области. Вториот дел (од 14:30 до 16:30 часот) е практична работилница каде сите учесници ќе бидат ангажирани во алатка за донесување одлуки за историски градови.

Инфо ден и работилница: Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид

Дигитализацијата и промоцијата на културното наследство на Охрид е целта на Проектот „Управување со меѓурегионалното културно наследство, Е-системи“ – IRC-CERMES имплементиран од Општина Охрид во партнерство со Кипарскиот универзитет за технологија, Центарот за истражување и иновации за комуникации и технологии од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ“ од Грција и општина Ѓирокастро од Албанија.

Охрид – Теренско регистрирање на историски градби

Градот Охрид, како „природно и културно“ светско наследство, е еден од четирите града што спроведува дигитален систем за управување, заштита и унапредување на културното наследство, како дел од проектот IRC-HERMES (Interreg Balkan-Mediterranean Programme).